вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Се крена паника, спасувавме живи глави“: Детали за автобусот кој се запали на автопат (ВИДЕО)

„Се крена паника, спасувавме живи глави“: Детали за автобусот кој се запали на автопат (ВИДЕО)

Автобус со хрватски регистарски таблички изгоре денеска претпладне на автопатот во близина на исклучувањето за аеродромот „Никола Тесла“, во правец од Шид кон Белград.

Во српското МВР велат дека немало повредени, а според очевидци, возилото изгорело за миг.

„Ги видовме исплашените патници како стоеја покрај автопатот и гледаа во огнот. Се што имаа внатре им изгоре, а не видовме дали има повредени“, раскажа еден очевидец.

Една од патничките во автобусот кој не сообраќал на редовната линија, рече дека автобусот од ништо се запалил.

„Наеднаш настана паника. Возачот го запре возилото, а сите истрчаа надвор, спасувавме живи глави“, рече една патничка од Славонија.

Патниците додадоа дека дошле на еднодневен излет, како и дека немале никакви работи во багажникот од автобусот.

По преплашените и истрауматизирани патници по неколку часа дошол друг автобус кој безбедно ги донел до Белград.