вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се отвораат и градинките во Грција

Се отвораат и градинките во Грција

Заедно со забавиштата и основните училишта, во понеделник се отвораат и градинките во Грција, што се во надлежност на Министерството за труд и социјални прашања, а одлуката е донесена по соодветната препорака од надлежната Комисија на епидемиолози, јави дописничката на МИА од Атина.

Почетокот ќе биде под конкретни превентивни мерки за заштита од Ковид-19, а според упатствата, употребата на маска е задолжителна за вработените, а произволна за децата.

Со воведувањето на карантинот во Грција на 7 ноември, училиштата, забавиштата и градинките продолжија да работат, меѓутоа една седмица подоцна и тие беа затворени по препорака на Комисијата на епидемиолози за да се намали раздвиженоста на возрасните. (МИА)