сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се поголем број на заразени, во Врање се отвара четврта Ковид-19 болница

Се поголем број на заразени, во Врање се отвара четврта Ковид-19 болница

Во зградата за Психијатрија во Врање, Србија, се отвара четврта болница која ќе се посвети на заболените од Ковид-19. Новата болница ќе има 60 новозаболени лица.

Пациентите од овој оддел ќе бидат сместени на првиот спрат на Хируршкиот блок, изјави директорката на Здравствениот центар доктор Лилјана Антиќ.

Во Врање, три болници се посветени на пациенти заразени со коронавирусот, до сега 141 пациенти. Директорката апелира сите грѓани да бидат одговорни и да носат маски за да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

– „Ако се почитуваат мерките за заштита од Владата на Србија, да бидеме одговорни и да заборавиме на прославите, сигурно полесно и побрзо ќе се ослободиме од вирусот и ќе имаме помал број на пациенти“, нагласи докторката Антиќ.