Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди западната турска провинција Измир рано утрово.
Според турските медиуми, земјотресот се случил во 08:46 часот по локално време на длабочина од 20,6 километри, соопшти турскиот орган за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), додавајќи дека епицентарот на земјотресот бил округот Карабурун во Измир.
A series of aftershocks jolts western Turkey minutes after a magnitude 5.1 earthquake @DepremDairesi
#İzmir #deprem #earthquake #pazartesi #Karaburun https://t.co/xCHUYJiAwX pic.twitter.com/2jw1m1R1Ci— ILKHA (@IlkhaAgency) February 1, 2021
Како што е дополнително познато, овој земјотрес беше проследен со други четири земјотреси, со јачина од 4,8 и 4,7 степени.
Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во соседните провинции, како и во Лезбос, Грција.