Седумдесет отсто од учениците во најсиромашната членка на Еропската унија, Бугарија не користат тоалет во своето училиште. Тоа покажува студија како дел од кампања на тема Национална мрежа за деца.
Во истражувањето учествуваа 800 деца од целата земја, а главната причина за избегнување на овие простории е лошата состојба во тоалетите.
Експертите се категорични дека како резултат на ова децата можат да создадат сериозни здравствени физиолошки и ментални проблеми. Исто така, за да не мора да одат во тоалет, тие земаат помалку или воопшто не пијат вода.
Во 2015 година, Здружението на родители на деца со бубрежни заболувања побара решение за проблемот и апелираше до Министерството за образование и Министерството за здравство да спроведат уредба за чистотата на тоалетите во училиштата.
Таков стандард се уште не е воведен, а проблемот се продлабочува, јавија бугарски медиуми.
На почетокот на учебната 2020-2021 година, директорите се обидоа да обезбедат топла вода, сапун и средства за дезинфекција во образовните згради низ целата држава.