Маја Ковачевиќ, сестра на исчезнатата победничка во едно реално шоу Маријана Зајферт, се огласи и изнесе нови детали од истрагата.
Таа раскажува неколку чудни моменти случени таа ноќ, но и дека се помалку се надева дека ќе ја пронајде жива.
Од април на Маријана и се губи секој трага. Семејството и пријателите се надеваа дека таа ќе се пронајде жива и здрава.
-Во ноќта додека Маријан веројатно умирала, сонував како двете се поздравуваме. Следниот ен кога се разбудив веднаш ја побарав на мобилен, а се немавме слушнато еден месец. Не ми се јави, а веќе тогаш имав чудно чувство, вели Маја за „Слободна Далмација“.
Маја отворено вели и дека не мисли оти нејзината сестра се уште е жива.
-За жал, мислам дека веќе не е жива. Чувствувам дека ја нема. Само сакаме конечно да ја знаеме вистината и да се можеме достојно да се простиме од неа. Нашата потрага за вистината трае секојденвно, а што повеќе откриваме, се повеќе сме во шок. Едноставно, многу работи се чудни таа вечер кога исчезнала. Нејзиниот сопруг Карло неколку пати го менуваше исказот во полиција. Со ова не сакам да кажам дека тој нешто направил, но само нека каже што се случило во станот, бидејќи сум уверена дека дошло до расправија меѓу нив. Мене се’ ми е многу чудно и додека не ја дознаам вистината, со него не можам да имам контакт. Тешко ми е бидејќи знам дека не можам да го видам внукот, но останувам при своето, додава Маја.
Маријана исчезнала ноќта меѓу 26 и 27 април. Нејзините лични документи и мобилен телефон биле пронајдени на Мостот на младоста.