понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Шумски пожар во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Шумски пожар во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Кусо пред 14 часот по локално време избувна нов шумски пожар во областа Атика, поширокиот регион на Атина, овој пат во западниот дел, а превентивно беа евакуирани жителите од мала населба, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збора за предградието Мегара каде што и лани имаше пожари.

Пожарот брзо се прошири поради боровата шума, но засега е далеку од домовите, иако конкретната област не е густо населена.

Преку порака од бројот за итни случаи 112 беше побарано од жителите на мала населба превентивно да се евакуираат.

Интервенираат 45 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила, пожарникари волонтери, како и седум авиони и четири хеликоптери, од кои еден е за координација.