понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Силен земјотрес го погоди западниот дел од Турција

Силен земјотрес го погоди западниот дел од Турција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтер го погоди западниот дел на Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Епицентарот бил во близина на градот Урла во округот Измир на брегот на Егејското Море. По главниот земјотрес имало секундарни потреси од 4,3 и 2,8 степени.

Според локалните власти, засега нема извештаи за жртви или материјална штета.