среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Силен земјотрес утринава на границата меѓу Босна и Хрватска

Силен земјотрес утринава на границата меѓу Босна и Хрватска

Силен земјотрес утринава е забележан во Босна и Херцеговина, соопштуваат од хрватската Сеизмолошка служба.

Потресот со епицентар на триесетина километри источно од Книн е забележан во 5 часот и 33 минути.

Јачината на земјотресот според Рихтер била 4,5 степени.

Интензитетот во епицентарот пресметан на темел на магнитудата на потресот бил од 6-ти степен според Меркалијевата скала, се наведува во соопштението.

Земјотресот се почувствувал во делови од Босна и Далмација.

-Не е убаво во 5 наутро да мислиш дека се ќе се сруши, е еден од коментарите на читателка на хрватски „Индекс“

Како што се јавува, дошло до три земјотреси, од кој најсилниот 4,6 степени по Рихтер. Неговиот епицентар е забележан на 19 километри од Гламоч.

После дошло до уште еден потрес, со јачина од 3 степени по Рихтер, со епицентар на 22 километри од Гламоч.

Уште еден земјотрес од 3,3 степени бил почувствуван во близина на ова место.