четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Силно невреме погоди делови од БиХ

Силно невреме погоди делови од БиХ

Силно невреме вчера погоди делови од Босна и Херцеговина, а во Сараево два авиони не успеале да слетаат на аеродромот поради слаба видливост, по што биле пренасочени кон Загреб и Белград.

Излевање на водата од канализациите имало во повеќе улици, водата ги поплавила продавниците и угостителските објекти, но и подрумите на куќите.

Невреме проследено со силен дожд, град и грмотевици имало и во Бањалука.