Во Грција од раните утрински часови има невреме со силни врнежи од дожд.
Според податоците од Националната опсерваторија Атина, невремето на северот постепено ќе ослабнува, додека денеска попладне се очекува под посилен бран да бидат зафатени централните и јужни делови од земјата, јавува Катимерини.
Невремето се очекува на Крит, Пелопонез и островите.