четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Силно невреме во Хрватска предизвика три „пијавици“: За два часа Истра ја погодија 6500 громови (ВИДЕО)

Силно невреме во Хрватска предизвика три „пијавици“: За два часа Истра ја погодија 6500 громови (ВИДЕО)

Силно невреме проследено со голем број громови стигна до брегот на западна Истра, во Хрватска.

До 12.30 часот, најмногу дожд наврнало во регионот Ровињ ,а станицата Истрамет на Палуд забележале дури 62 мм дожд. Во самиот Ровињ, наврнале 26 мм, а пообилен дожд паднал во Пореч, каде локалната метеоролошка станица измерила 35 мм дожд. Во централна Истра, паднале претежно помеѓу 5 и 20 мм, но таа количина, според Истрамет, ќе продолжи да расте и во наредните часови додека фронтот се движи кон исток. Посилниот систем кај Бриони, предизвика формирање на три „пијавици“.

“Одеднаш почна да врне и грми. Бевме на плажа. Некои се уште пливаа, но наскоро сите бараа засолниште. Врнеше половина час. Ми се чинеше дека нешто се формира во далечината меѓу облаците , сѐ се случуваше брзо, изгледаше како пијавица што досега го имам видено само на сликите. Почна вториот бран на силни грмотевици и трчав кон вилата кај што бев сместен “, ја опиша ситуацијата на хрватскиот брег 24-часовен читател.

Засега, фронтот го заобиколил југот на Истра, но во наредните часови, може да има изолирани врнежи и бури и во таа област. Инаку, во последните два часа во областа Истра, снимени биле речиси 6.500 удари од гром.