Утрово е подобра ситуацијата во Затон и Раслина, местата кои се најпогодени од пожарот во областа Шибеник, соопшти утринава хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, пренесува Хина.
– Утро во Затон и Раслина. Подобра ситуација, нема големи огнени фронтови и неконтролирано ширење кон Водице. Временските услови поповолни, напиша Божиновиќ на Твитер.
Според претходните информации, на целото подрачје има околу 300 пожарникари, а на подрачјето на Затон и Раслина има 25 возила, околу седумдесет пожарникари и 25 припадници на вооружените сили.
Во големиот пожар што избувна вчера меѓу Шибеник и Водице, уништени се дваесетина куќи, но нема повредени.
Најтешка е состојбата во Раслина и Затон, а голем број граѓани побегнале со чамци.