Во Бања Лука продолжила многу бурната седница на Народното собрание на РС за Програмата за реформи на БиХ, кој денес бил предаден во седиштето НАТО во Брисел.
По повеќечасовна расправија на претставниците на опозицијата и позицијата, на говорницата излегол министерот за внатрешни работи на РС, Драган Лукач.
Во своето обраќање му се заканил на пратеникот на ПДП, Драшко Станивуковиќ, дека повеќе не смее да го носи знамето на НАТО во собраниските простории.
-Инаку и ти ќе завршиш како што заврши и знамето претходно, рекол Лукач, алудирајќи на фактот дека знамето на НАТО било скинато еден час пред пред инцидентот.
Потоа пратеникот Станивуковиќ го прашал министерот “на кој начин ќе заврши” и тргнал кон говорницата. Кога пришол до говорницата, Лукач прво во лицето на Станивуковиќ фрлил неколку листови хартија кои ги држел во рака, за потоа да му удри шлаканица.
По овој инцидент пратениците отишле на пауза.