понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Скандалозна изјава на Ѓукановиќ околу ранувањето на црногорската новинарка Лакиќ

Скандалозна изјава на Ѓукановиќ околу ранувањето на црногорската новинарка Лакиќ

Скандалозниот напад на Оливера Лакиќ потврдува дека државата мора да ја сузбие арогантноста на криминалните структури, оценува лидерот на Демократската партија на социјалистите и нов претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Тој додаде дека со нападот на новинарката нејзе и нанеле хирушки прецизна контролирана, но на некој друг кој е политичка мета, неконтролирана штета.

-И оние кои ладнокрвно ликвидираат луѓе на пладне во центарот на градот и оние кои креваат автомобили со свој противници во воздух, не размислувајќи за можни недолжни жртви, и против хероите од мракот кои пукаат со пиштол во нога на новинарка, за хирушки прецизно да и нанесат контролирана, но на некој друг кој е политичка мета, неконтролирана штета, наведува Ѓукановиќ.

Тој во интервју за Радио Даниловград, коментирајќи го нападот кон Лакиќ, рече дека случка е потврда за оцените кои ги изрекол во кампањата за претседателските избори.

-Значи, државата мора со одлучна и синхронизирана акција на безбедносните и правосудните органи, да ја сузбие очигледната арогантност на криминалните структури, изјави Ѓукановиќ.

Тој кажа дека нападот на новинар, во секоја правно уредена држава и демократско уредено друштво е напад на слободата на изразување и на демократија воопшто.

-Со тоа, тоа е напад и на она што е стратешка цел на Црна Гора, во догледно време да биде дел од слободното и развиеното европско друштво, оценува Ѓукановиќ.

Според неговите зборови, специфичноста на насилството врз новинарката е во што „начинот на неговото извршување јасно покажува дека не сакале да нанесат штета само на новинарката Лакиќ“.

-Со ова сакаше да се посее сомнеж и да нанесе морална и политичка штета на одредени јавни личности, делови од државниот систем, па и на самата држава Црна Гора, смета Ѓукановиќ.

Затоа како што наведе тој императив е во најкраток можен период да се открие кој тоа во Црна Гора се чувствува толку моќен, да може со вакви средства да нанесе штета на државата и да ја менува сликата која постои во меѓународното опкружување.