понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО: Секс, па вработување- Балканот во шок од овој политичар

На снимката може да се слушне како кандидатката за работното место го прашува политичарот „што ќе биде со нејзиното вработување“ и во еден момент го прашува „дали треба да имаме секс?“, по што тој одговара „треба“.
СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО: Секс, па вработување- Балканот во шок од овој политичар

Делегатот на Домот на народниот Парламент на Босна и Херцеговина и генерален секретар на партијата “SDA”, Адмир Хаџипашиќ од Бихаќ е снимен како од жена бара секусален однос во замена за работно место. Станува збор за видео снимка направена во 2013-та година која што дури сега протече во босанските медиуми.

Хаџипашиќ кој што не знае дека жената го снима со својот телефон, на нејзиното прашање „дали треба да имаме секс“, веднаш и одговара „треба“. На прашањето каде тоа би го направиле, босанскиот политичар вели дека може „веднаш, тука“.

На прашањето на жената за тоа кој ќе ѝ гарантира дека после тоа ќе биде вработена, тој одговара „па, јас“. После тоа може да се види како се обидува да ја бакне жената.