На апликацијата „Снепчет“, основното училиште „Владислав Рибникар“, каде неодамна се случи масакр, во кој беа убиени осум ученици и еден чувар, е означено како „туристичка атракција“ на Белград.
Имено, на мапата не само што е истакнато училиштето како локација што треба да се посети, туку името на училиштето е означено со Коста К., односно името на 13-годишниот извршител на крвавиот масакр, кој ја зави Србија во црно.
Снепчет е бесплатна апликација, особено популарна кај помладата генерација, која има 347 милиони следбеници од втората половина на 2022 година. Главната идеја на апликацијата е да испраќа видеа, фотографии и пораки до корисниците, кои се бришат по неколку минути.
Покрај сето горенаведено, преку оваа апликација е можно да ја следите локацијата на вашите пријатели, секако доколку ви дозволат, а цифрата од 4,6 милијарди долари колку апликацијата направила лани, вели многу.
— Arsil (@arsagarson) May 12, 2023
Она што загрижува е пропустот на глобално популарната апликација, па училиштето во кое тринаесетгодишникот изврш масовно убиство е означено како „туристичка атракција“.