понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Собраниската седница за избор на нова Влада на Србија најавена за 25 октомври

Собраниската седница за избор на нова Влада на Србија најавена за 25 октомври

Потпретседателот на Српската напредна партија Милош Вучевиќ изјави дека седницата на Собранието на Србија, на која пратениците ќе гласаат за изборот на новата влада, треба да биде свикана во вторник, 25 октомври.

По седницата на Главниот одбор на СНС, Вучевиќ изјави дека членовите на тоа тело едногласно го усвоиле предлогот за кандидати за министри во новиот кабинет на Ана Брнабиќ, јави Бета.

На прашањето дали поранешниот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, ќе биде именуван на позицијата директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Вучевиќ рече дека членовите на Главниот одбор на денешната седница не разговарале за други кадровски решенија освен за кандидати за министри.

Тој оцени дека новиот кабинет е „комбинација на луѓе кои претходно биле министри, и засега 13 нови лица“.