четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Сореца: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ на врвот на политичката агенда на Самитот на Берлинскиот процес

Сореца: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ на врвот на политичката агенда на Самитот на Берлинскиот процес

Амбасадорот на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца изјави дека интеграцијата на Западен Балкан во Унијата ќе биде на врвот на политичката агенда, на самитот на Берлинскиот процес, што ќе се одржи на 16 октомври во Тирана.

За време на конференцијата, во Тирана, во врска со улогата на парламентот на патот на интеграцијата, Сореца оцени дека Берлинскиот процес игра многу важна улога за земјите од регионот.

Според Сораца, целта е да се обединат земјите од Западен Балкан на заеднички пазар пред да влезат во ЕУ и земјите да имаат пријателски односи.

Исто така, додал, дека е многу важно министрите и шефовите на држави да се сретнат, но и членови на парламентите , претставници на народот во регионот, да се сретнат и да го покажат своето единство и да излезат со заеднички изјави.

– Политичките промени со начинот на кој Русија ја гледа Украина, го зголеми вниманието, кое никогаш не било поголемо од сега на проширувањето на ЕУ. Сега разбираме дека тоа е високо стратешко прашање за безбедноста во ЕУ. Мора да го забрзаме процесот на реформи, но и на влезот во Европската Унија. Ова прашање е на врвот на политичката агенда во Албанија, во регионот, дури и претстојниот понеделник. Се надеваме дека ќе се подготвиме за самитот за Западен Балкан кој ќе се организира во Брисел во средината на декември, по последниот состанок што ќе се одржи во Тирана, посочил тој.

Според него Берлинскиот процес игра важна улога бидејќи е “платформа каде партнерите од регионот повеќе работат на проекти и реформи кои ќе ги подготват за влез во ЕУ”.

– Самитот во Берлин е катализатор за ЕУ ​​да постигне пријателски односи. Албанија е заслужна, како една од првите земји што го презеде водството и ништо не се случи случајно. Процесот што ќе го започне претседателката Фон дер Лајен, ќе биде многу важен дел од оваа „загатка“. Целта на овој план е да ги обедини земјите од Западен Балкан на заеднички пазар пред да влезат во ЕУ, изјавил Сореца.

Порачал дека е многу важно да се продолжи со реформите.

– Реформата во правосудството донесе толку многу за оваа земја, но и за регионот воопшто. Постепениот напредок кон ЕУ ќе биде помогнат со промоција на некои придобивки што ќе се случат со членството во ЕУ нагласил тој, јави abcnews.al.