Претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ денеска предложи формирање на Комисија, која ќе има задача да ги истражи последиците по здравјето на граѓаните на Србија од нападите на НАТО врз земјата во 1999 година.
Според предлогот, главна цел на Комисијата ќе биде да утврди дали постои поврзаност меѓу нападите и зголемениот број на тешки и канцерогени заболувања меѓу српските граѓани.
Членовите на Комисијата би требало да ги утврдат и еветуалните штетни последици од нападите врз животната средина, пред се од употребата на бомби со осиромашен ураниум.
Комисијата би имала има рок да го подготви првичниот извештај до крајот на 2020 година, а на секои шест месеци би требало до Парламентот да поденсува извештај за својата работа.
(Миа)