сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Србија: Над 19.000 новозаразени со коронавирус

Србија: Над 19.000 новозаразени со коронавирус

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 19.214 нови случаи на коронавирус, врз основа на 39.473 тестирани примероци.

Како резултат на оваа инфекција, починале 58 лица, соопштија здравствените власти во таа земја.

Според податоците од тамошните медиуми, во болниците ширум Србија на респиратори се 148 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 3.848 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани 1.697.012 случаи на коронавирус, меѓу 8.171.561 тестирани примероци.

Досега починале 13.687 лица.

Стапката на смртност е 0,81.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот Бранислав Тодоровиќ денеска истакна дека епидемиолошката состојба во Србија е сериозна и дека има се повеќе заразени деца, воспитувачи и лекари.