Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа се регистрирани нови 7.652 нови случаи на Ковид 19.
Од последиците на вирусот починале 23 лица.
На респиратори се 83 пациенти.
Како што беше најавено, веднаш по новогодишните празници, бројот на заболени во Србија почна нагло да расте. Лекарите велат дека омикрон најверојатно е доминантен сој и дека бројот на заразени лица на дневна основа ќе продолжи да расте.
Лекарите апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките и да избегнуваат собири. Ова е особено важно сега кога е потврдено дека омикронот исклучително лесно се пренесува.
Со растот на бројот на заразени расте и бројот на лица во болниците, па болницата во Батајница веќе се полни, а слична е состојбата и во населбата Златибор.