среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Србија воведува ковид сертификати за влез во кафулиња, ресторани и ноќни клубови

Србија воведува ковид сертификати за влез во кафулиња, ресторани и ноќни клубови

Србија најави дека земјата се подготвува за воведување на ковид сертификати, кои ќе важат во простори каде што не е неопходно луѓето да престојуваат, а степенот на заразување е висок.

Ова вчера го најави премиерката Ана Брнабиќ, по лошата епидемиолошка состојба кан нашиот северен сосед.

– За сертификатите да бидат согласно Уставот и човековите права, ќе бидат воведени во простории каде што не е неопходно да се престојува, а степенот на заразување е висок. Тоа се барови, ноќни клубови, ресторани, кафулиња на затворено, рече Брнабиќ.