Како што соопшти владата на Србија, таа одлука е донесена за „навремено да се реагира на пазарните нарушувања и растот на побарувачката, како на светскиот, така и на домашниот пазар“.
Иако српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку дена најави дека земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, ќе бидат изземени од забраната за извоз на житарки и брашно, тоа не го пишува во денешното соопштение на српската влада.
Владата на Србија усвои и указ за ограничување на цените на нафтените деривати кој се однесува на нафтените деривати еуро дизел и еуро премиум 95, а кој од стапувањето на сила на 11 март ќе важи во следните 30 дена, до 11 април.
– Одлуката е донесена со цел спречување на поголеми нарушувања и зачувување на животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период се бележи раст на цените на нафтените деривати. Со указот се утврдува максималната малопродажна цена и се обврзуваат малопродажните субјекти кои ја вршат дејноста трговија со моторни и други горива на станиците за снабдување превозни средства, а кои до донесувањето на указот испорачувале деривати, да продолжат со испораката исклучиво со точење во погонските резервоари на превозните средства, се наведува во соопштението на владата.