Возач од Пожега, западна Србија, си го запалил автомобилот со бензин, револтиран оти не го минал техничкиот преглед. Возилото, инаку марка Дачиа, е изгасено со итна интервенција на противпожарните служби.
Лутиот сопственик, кој не добил потврда за исправност на возилото, на само 500 метри од контролниот канал, го запрел автомобилот, го посипал со бензин и го запалил. За пожарот да не ги зафати просториите за технички преглед, возилото било избуткано надвор.
Од 1 јули во Србија се во сила поригорозни технички прегледи. Најжестоки полемики во јавноста предизвика најавата дека нечисто возило нема да може да го мине техничкиот преглед.