недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Србите во Албанија бараат училишта на мајчин јазик во Скадар и 7 јануари државен празник

Србите во Албанија бараат училишта на мајчин јазик во Скадар и 7 јануари државен празник

На одбележувањето на големиот православен празник,Божик, српско-црногорското малцинство побара формирање училишта на нивен мајчин јазик во Скадар и прогласување на седми јануари за државен празник.

-Тие се собраа во црквата „Св Троица“ во Враке, Голема Малесија, за да присуствуваат на светата литургија што ја одржа свештеник од Црна Гора,пренесе тиранската телевизија Топ чанел.

Претседателот на српско – црногорското здружението „ Розефа – Морава“, Павло Јанко, изјавил дека во Албанија има 27.500 Срби и Црногорци и затоа бара тие да се образуваат на мајчин српски јазик а 7 јануари да се прогласи за државен празник.

Додал дека малцинствата во Албанија се исплашени и не се изјаснуваат она што се и слободно не може да ги побараат своите легитимни права.

Тој, исто така, ја коментираал и иницијативата „Мини балкански Шенген“ велејќи дека „оние кои ја избегнуваат прекугранична соработка, се оддалечуваат од европската перспектива“.