Брзата помош веднаш по пукањето пристигнала на местото на настанот, Пенчиќ бил се уште жив, но онесвестен. Починал во Итната помош во Белград.
Првично српските медиуми пишуваа дека тој бил убиен од снајпер, но Телеграф дознал дека била пронајдена чаура и било утврдено дека убиството е извршено со пиштол со пригушувач. Откриваат и како бил убиен. Убиецот тргнал по него и точно знаел каде оди. Чекал да дојде во салонот и таму е убиен. Со Пенчиќ била и неговата сопруга, но убиецот, пишува Телеграф, не сакал да ја повреди.
Се уште не е познат мотивот за убиството.
Бане Пенчиќ и` е познат на полицијата од порано и има подебело досие. Поврзан е со насилничко однесување и трговија со дрога, пишува Нова рс. Во јавноста е најпознат како поранешен лидер на навивачката група на Партизан Head Hunters, но одамна не е активен на трибините и не присуствувал на натпревари.
„Бане беше познат низ целиот град и сееше страв и трепет. Сите се плашеа од него, но по тепачката со навивачите на Ѕвезда кои им поставија заседа кај Умча, неговата група Head Hunters остана без нивниот транспарент. Почитувајќи го кодот на навивачите, тој тогаш се повлече од трибините. Тоа беше уште пред да се појави Принцип на чело со Вељко Беливук“, вели изворот за Нова.рс.
Повеќе од 10 пати бил осуден за разни кривични дела. Досега бил застрелан трипати, пишува Телеграф. До 2008 година, против него биле поднесени дванаесет кривични пријави за дилање дрога, напад на службеници, кражби и друго.
Против него е поднесена една кривична пријава бидејќи во 2008 година заедно со група навивачи запрел автомобили на булевар во Белград и со тоа го запрел сообраќајот, пренесува Инсајдер. Во извештајот се наведува дека излегле од автомобилот и уринирале на сред улица.