вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Српската Влада одлучи: Хрватскиот министер за одбрана не е добредојден во Србија

Српската Влада одлучи: Хрватскиот министер за одбрана не е добредојден во Србија

Министерот за одбрана на Хрватска Дамир Крстичевиќ не е добредојден во Србија, одлучи денес српската Влада.

Оваа одлука е донесена како реципрочна мерка, односно одговор на забраната за влез во Хрватска на министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, како и на тоа дека хрватските власти останале „глуви“ на паролите „За дом подготвени“ среде Јасеновац на денот на комеморацијата на жртвите од тој логор.