Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во сабота ќе допатува во дводневна посета на Србија, соопшти прес-службата на Алијансата.
Столтенберг при посетата ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, а ќе присуствува и на свеченото отворање на цивилната вежба за вонредни состојби „Србија 2018“, организирана од страна на Евроатлантскиот центар на НАТО за координација на активности и итни одговори и српското Министерство за внатрешни работи.
Генералниот секретар на НАТО ќе се обрати и на Белградскиот безбедносен форум, како и пред студентите на Филолошкиот факултет во Белград.