сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Свечената комеморација за градоначалникот на Загреб ќе се одржи во вторник, погребот ќе биде во среда

Свечената комеморација за градоначалникот на Загреб ќе се одржи во вторник, погребот ќе биде во среда

Свечената комеморација по повод смртта на градоначалникот на градот Загреб Милан Бандиќ, ќе се одржи во вторник, во Хрватскиот народен театар, Трг Република Хрватске 15, додека погребот ќе биде в среда, на градските гробишта Мирогој.

Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, почина од срцев удар во текот на ноќта, на 66-годишна возраст. Д-р Младен Бучиќ, директор на болницата Свети Дух, каде почина Бандиќ за Н1 изјави дека градоначалникот доживеал срцев удар и, за жал, починал.

„Живееше за својот град, за загрепчанките и загрепчаните, кои му беа на прво место во сè што правеше, за работата што ја вршеше со љубов и енергија, внесувајќи се целиот – без остатокот, 21 година“, се наведува во соопштението од Град Загреб. (МИА)