вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Свештеници уапсени со дрога: Едниот облечен како жена, другиот во мантија

Свештеници уапсени со дрога: Едниот облечен како жена, другиот во мантија

Попот Милан Јордовиќ кој има 41 година и поранешен учител по веронаука Зоран Маринковиќ (43) се уапсени синоќа во Мрчаевци кај Чачак, а во автомобилот со кој патувале пронајдено е 27 килограми марихуана.

Дрогата била спакувана во 52 пакети и сокриена во автомобилот марка „Пасат“, а на двајцата мажи им е одреден притвор од 48 часа, по што ќе бидат предадени на обвинителсрвото на Чачак поради неовластено пуштање во промет на опојни дроги.

Според неофицијални сознанија на српски „Блиц„ , Зоран Маринковиќ, кој пред неколку години работел како учител по веронаука, бил облечен во женска облека, кога го уапсиле, па затоа полицаецот кој ги претресувал, чекал да дојде некоја од неговите колешки за да го претресе Зоран, мислејќи сека се работи за жена.