Расчинетиот свештеник Зоран М. (59), кој беше уапсен под сомнение дека обљубил, а потоа и прогонувал малолетнчка од Белград, се бранел со молчење за време на испрашувањето, дознава „Блиц“.
Малолетничката останала бремена по односот, а уапсениот свештеник ја прогонувал и и се заканувал скоро три години.
Расчинетиот свештеник на Српската православна црква, Зоран М., бил вработен во црквата во општина Грочка во Белград, а својата жртва ја забележал кога таа била на исповед во 2017 година.
Несреќната девојка во тоа време имала само 15 години и се сомнева дека од тогаш до 2019 година се обидел на секој начин да воспостави емоционална и сексуална врска со неа.
На крајот на ноември 2017 година, развратниот свештеник се обидел за прв пат да ја искористи емоционалната ранливост на девојчето, што го откриле нејзините исповеди во црквата каде што бил свештеникот и нејзиниот „духовен татко“. По признанието, свештеникот се обидел на секој начин да воспостави емотивна и сексуална врска со малолетничката.
Сепак, како што дознава спрски Блиц, Зоран М. не успеал во намерата во тоа време, па затоа во текот на следната 2018 година ја искористил емоционалната ранливост на девојчето и ја изманипулирал. Во средината на минатата година, за време на службата и обиколката по парохијата, свештеникот дошол во куќата во која живеело девојчето. За жал, во тој момент малолетничката била сама во домот и развратниот свештеник ја искористил ситуацијата и започнал сексуален однос со малолетничката.
Девојчето забременило, а тој ја прогонувал
Потоа, Зоран М. влегол во емотивна и сексуална врска со девојчето, по што, како што дознава Блиц, малолетничката останала бремена. Откако девојчето ја прекинала бременоста, развратниот свештеник не сакал да ја остави на мир.
Како што дознава Блиц, тој извршил притисок врз девојчето и лично и преку нејзини познаници. Ни тука не застанал, продолжил да ја прогонува малолетничката.
Како што дознава Блиц, тој во март 2020 година физички ја нападнал девојката и и нанел повреди!