петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Тензично во Косовска Митровица, косовски специјалци уапсиле четворица Срби

Тензично во Косовска Митровица, косовски специјалци уапсиле четворица Срби

Специјалните сили на Косово, рано утринава започнале акција на северот на Косовска Митровица, каде живее мнозинско српско население.

Според српските медиуми, во акцијата на косовските специјални сили биле уапсени четворица Срби.

До ескалација на ситуацијата, дошло рано изутринава во 4 часот, кога се слушнале истрели од огнено оружје, по што биле вклучени и сирените, а косовските Срби веднаш се организирале и излегле на улиците на градот.

Според српските медиуми, меѓу уапсените се Драгиша Марковиќ, припадник на косовските полициски сили и Марко Рашиќ – припадник на партијата Српска листа.

Според соопштението на косовските полициски сили, рациите во северна Косовска Митровица биле извршени по налог на надлежен суд, а во врска со убиството на Оливер Ивановиќ.

Во Србија пак закажана е вонредна седница на владата, а на пладне најавени се протести на косовските Срби во северна Митровица.