четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Тепачка меѓу навивачите на Звезда и Партизан, едно лице во критична состојба

Тепачка меѓу навивачите на Звезда и Партизан, едно лице во критична состојба

Меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан денеска изби тепачка во близина на белградската населба Аутокоманда пред натпреварите против Земун, односно Борец.

Околу 16 часот, еден час пред почетокот на натпреварите, во тепачката меѓу навивачите на белградските фудбалски клубови еден заврши во болница со тешки повреди.

Навивачот имал видливи исеченици на рацете и стомакот од голем нож или мачета, како и рани на главата.

Тој со Итна помош бил пренесен на реанимација.

Тепачката меѓу навивачите се случи и покрај големата концентрација на полициски сили распоредени во близина на двата стадиона, бидејќи Црвена звезда и Партизан играа како домаќини во ист термин од 17 часот.