Да се врши тестирање по случаен избор на спортистите во Грција, било договорено на средбата на претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Панајотис Аркуманеас со генералниот секретар за спорт Јоргос Мавротас, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Генералниот секретаријат за спорт на Грција, Националната организација за јавно здравје ќе направи програма и ќе го спроведе тестирањето преку мобилните единици, а целта е да постојат податоци за Ковид-19 меѓу спортистите, но и за да се добие уште поцелосна слика за епидемиолошката ситуација во земјата.
Аркуманеас и Мавротас истакнале дека фазите на рестартирање на спортот, беа и се врз основа на новите услови и здравствените протоколи за тренинзи и натпревари.