сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Трага во бескрајот“: Таткото Ненад оваа песна му ја посвети на синот Матеј Периш

„Трага во бескрајот“: Таткото Ненад оваа песна му ја посвети на синот Матеј Периш

Ненад Периш, таткото на исчезнатото момче Матеј, по неколкумесечен престој во Белград, се врати дома во Сплит и на социјалните мрежи се огласи по подолго време.

Неговиот син Матеј Периш исчезна ноќта пред Нова година во Белград. Бил во друштво во ноќниот клуб „Готик“, а потоа од непознати причини го напуштил, за што постојат и снимки од безбедносните камери. По десетина минути од излегувањето, му се губи секаква трага на шеталиштето покрај Сава. Потрагата по момчето и натаму е отворена.

Таткото Ненад на Фејсбук ја објави песната од Оливер Драгојевиќ „Траг у бескрају“, а посебно го издвои стихот „Сѐ би дал да си тука“.