вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија кај Ниш: Автобус кој превезувал деца преполовен по удар од воз, тројца загинати (ФОТО)

Трагедија кај Ниш: Автобус кој превезувал деца преполовен по удар од воз, тројца загинати (ФОТО)

Во страшна несреќа која се случила кај Ниш, патнички воз удрил во полн автобус утринава и го преполовил.

Животот го загубиле три лица, меѓу кои и едно дете. Со тешки повреди, како што јавуваат српските медиуми, се шест лица, додека со полесни 16.

Најголем дел од патниците во автобусот биле деца кои оделе на училиште. Половините на автобусот се наоѓаат на двете страни од пругата.

Пожарникарите се обидуваат да го кренат автобусот за да утврдат дали од неговите остатоци или уште загинати или евентуално повредени лица.