Србин почина на одмор во Грција во Неос Мармарас, на Халкидики.
Станува збор за државјанин на Србија, кој во бессознание од водата го извлекла сопругата, објавија српските медиуми.
Мажот е пренесен во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, каде е констатирана смрт, а обдукцијата ќе ја врши Крим-патолошката лабораторија.
Прелиминарна истрага спроведува Третото пристаниште Неос Мармарас.
Претходно во Никити на Ситонија, српски државјанин доживеал срцев удар додека со семејството играл во вода.