четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија на Халкидики, почина турист на плажа на која летуваат многу Македонци

Трагедија на Халкидики, почина турист на плажа на која летуваат многу Македонци

Србин почина на одмор во Грција во Неос Мармарас, на Халкидики.

Станува збор за државјанин на Србија, кој во бессознание од водата го извлекла сопругата, објавија српските медиуми.

Мажот е пренесен во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, каде е констатирана смрт, а обдукцијата ќе ја врши Крим-патолошката лабораторија.

Прелиминарна истрага спроведува Третото пристаниште Неос Мармарас.

Претходно во Никити на Ситонија, српски државјанин доживеал срцев удар додека со семејството играл во вода.