Бројот на жртвите од невремето „Даниел“ во Грција се зголеми на три лица, откако попладнево беше пронајдено безживотното тело на 82-годишен маж во грчкиот град Кардица, јави дописничката на МИА од Атина.
Утрово, во областа Магнисиа беше пронајдена мртва постара жена, додека пак вчера, животот го загуби сточар откако врз него паднал ѕид, поради лизгање на земјиштето.
Невремето со интензивни и обилни дождови, молњи и ветер од вчера зафати повеќе делови на Грција, меѓу кои и Атина, а најпогодени се регионите во централното подрачје на земјата.