Главниот противник на Мицотакис, 48-годишниот Алексис Ципрас од СИРИЗА, кој беше премиер на Грција од 2015 до 2019 година, сега треба да се бори за својот политички опстанок по катастрофалниот пораз на вчерашните парламентарни избори.
Тој не успеа да ја консолидира својата гласачка база, разединета од партии кои ги формираа некои од неговите поранешни политички соработници. Во својот говор пред сопартијците рече дека СИРИЗА претрпе сериозен изборен пораз, а на нив останува да одлучат по кој пат ќе се движи партијата во иднина.