петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уапсен хрватскиот министер Хорват, полицијата му го проверува домот: Осомничен е за проневера од повеќе милиони долари

Уапсен хрватскиот министер Хорват, полицијата му го проверува домот: Осомничен е за проневера од повеќе милиони долари

Хрватската полиција во соработка со УСКОК утрово извршила претрес во куќата на министерот за градежништво Дарко Хорват во Меѓумурје, а истрагата е поврзана со злоупотреба на положбата и овластувањата. Тој денеска е уапсен, а ќе биде сослушан во попладневните часови.

Според неофицијални информации, станува збор за истрага поради милионски незаконски проневери.

Инспекторите ја истражуваат улогата на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац. УСКОК се сомнева дека по барање на Јосип Римац организиралa поддршка за бизнисмени од Министерството за економија во времето кога го водеше Хорват.

Заедно со Хорват, под истрага се и поранешните министри Томислав Толушиќ и Борис Милошевиќ. Според досегашните информации, постои сомневање дека тие барале вработување преку приклучок и поради доделување субвенции.

Иако првите информации беа дека под истрага е и Јосип Аладровиќ, ХИНА јавува дека тоа не е точно.