вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уапсена градоначалничка на софиска општина поради поткуп

Уапсена градоначалничка на софиска општина поради поткуп

Бугарската полиција денеска ја уапси градоначалничката на софиската општина Младост, Десислава Иванчева, под обвинение за примање поткуп.

Софиското јавно обвинителство соопшти дека кај Иванчева биле пронајдени 70.000 евра, кои таа ги добила како поткуп.

Како што јави БТА, покрај Иванчева, приведени се и нејзиниот заменик, како и човекот што и го дал поткупот.

Иванчева беше избрана за градоначалник на Младост како независен кандидат на изборите во ноември 2016 година.

(Миа)