Турското обвинителство нареди апсење на 61 офицер на морнарицата и копнените сили поради сомнеж за нивна поврзаност со мрежата на Фетулах Ѓулен, организаторот на обидот за државен удар од 2016 година.
Осумнаесет од обвинетите се активни офицери, јави новинската агенција Анадолија. Меѓу нив има 13 мајори, 12 капетани и 24 поручници.
Дополнително, уапсени се и 21 лице кои користеле алатка за комуникација што ја користат „ѓуленистите“. Се работи главно за учители во училиштата на Ѓулен.