Почна истрагата за 24-годишната Алексија Врачар која е уапсена во Сиднеј поради сомнение дека се обидела да прокриумчари 400 килограми метиламфетамини во чили сос.
24-годишната Србинка била уапсена во четвртокот во Сиднеј поради сомнение дека е вмешана во криумчарење на наркотици, чија вредност достигнува триста милиони долари.
Како што пренесуваат медиумите од Австралија, постои сомнение дека Алексија, која е по потекло од Бања Лука, била дел од организирана криминална група која дрогата ја носела од САД. Истрагата за криминалната група, чиј член е и Србинката, траела долго време, а убавата Алекија била уапсена кога во Австралија стигнала пратка со лут сос.
Пограничната полиција ја пресретнала оваа пратка, а во шишињата чили биле скриени 400 килограми метилафетамин, односно опасна дрога позната како „ајс“ или „мраз“, чија улична вредност се проценува на триста милиони долари – пренесуваат медиумите и додаваат дека Алексија Врачар имала важна улога во криумчарењето.
-Утврдено е дека таа, врз основа на фалсификувани документи, отворила дури четири фирми за увоз и на тој начин го олеснила прометот на дрога со еден на друг континент – пишуваат австралиските медиуми.
Според најновите наводи, полицијата во четвртокот упаднала во нејзиниот стан во Сиднеј во кој била пронајдена дрога, но и оруѓје.
Таа е обвинета за неколку кривични дела.
-Понудила кауција, но судот ја одбил, така што пред судиите ќе се најде на 30. јануари. Покрај Алексија за криумчарење наркотици обвинети се уште четворица мажи на возраст од 30, 34, 36 и 45 години, пишуваат медиумите.