Две лица попладнево се убиени во пукотници во центарот на Подгорица, пренесуваат црногорските медиуми.
Според инфромациите, засега непознато маскирано лице пукало во Радивое Јовановиќ и Милош Шаковиќ.
Како што неофицијално пренесува „Вијести“, двајцата, пред да се случи пукањето, седеле на различни столови во кафулето „Форум“ во центарот на градот.
Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На местото на настанот се полициски екипи и форензичари, а центарот на градот е блокиран.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, најверојатно се работи за пресметка меѓу мафијашки кланови.