четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уште една жртва на пожарот во Атика

Уште една жртва на пожарот во Атика

Едно лице кое се здобило со изгореници при минатомесечниот голем пожар во грчкиот регион Атика им подлегна на повредите, со што бројот на жртвите од огнената стихија се искачи на 94.

Според податоците на медицинските служби, досега в болница на здобиените повреди при пожарот им подлегнале 11 лица, а над 30 и натаму се хоспитализирани.

Минатата недела грчкиот Генерален секретаријат за цивилна заштита објави листа на 92 загинати во пожарот од 23 и 24 јули, меѓу кои најмладата жртва е шестмесечно бебе, а највозрасната е 93-годишна жена.