сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ужас во Загреб: Маж со секира нападнал жена и едногодишно бебе кое починало

Ужас во Загреб: Маж со секира нападнал жена и едногодишно бебе кое починало

Маж (41) доцна синоќа во Загреб, Хрватска, на улицата „Козара“, со секира нападнал жена на возраст од 41 година и дете од 1,5 години. Побегнал и се фрлил под автомобил.

Од последиците здобиени од повредите девојчето починало во болница во Загреб.

Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата каде на него налетало возило и го убило на лице место.

Во обвинителството во Загреб велат дека ќе се огласат со соопштение, затоа што уште трае полицискиот увид за утврдување на сите околности.