Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, познат по пејачкиот талент, запеа во дует и со внукот на Тито.
Дачиќ, во прегратка со Јошко Броз ја запеа песната „Са Овчара и Каблара“ , во чест на Тито.
Не е познато кога се случил ваквиот настап и по кој повод . Снимката на Твитер ја објави членот на претседателството на партијата на Дачиќ , Дејан Раденковиќ.
Дачиќ , инаку, е добро познат по настапите, како на пример кога му пееше на турскиот претседател Ердоган на турски јазик , потоа на Копаоник пред подмладокот на својата партија или во Грција пред наставничките од Ниш. Му запеа и на руски на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.
Živ je Tito umro nije… pic.twitter.com/cyMJ3fAqcH
— Dejan Radenkovic (@RadenkovicDejan) December 26, 2017