недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Гореше траект со 237 патници и 51 член на екипажот- половеле од Грција за Италија

ВИДЕО: Гореше траект со 237 патници и 51 член на екипажот- половеле од Грција за Италија

На траект кој пловел од Грција за Италија, а на кој се наоѓале 288 патници и членови на екипажот избил пожар, информира грчката крајбрежна стража.

„Катимерини“ пренесува дека сите патници се евакуирани, а засега нема информации за настрадани или повредени лица.

Крајбрежна стража информира дека на бродот имало 237 патници и 51 член на екипажот.

Траектот Euroferry Olympia, под италијанското знаме пловел од Игуменица во Грција кон Бриндизи во Италија. Пожарот настанал кога траектот бил во близина на Крф во Јонското Море. Причините за пожарот се уште не се познати.